
Најмалку 15 лица загинаа, а многу други се водат за исчезнати, откако обилните дождови поплавија три градови во Грција. Премиерот Алексис Ципрас објави ден на жалост.
Индустриските градови Мандра, Неа Перамос и Мегара, западно од Атина, се најмногу погодени. Поради поплавите затворени се повеќе училишта во тој дел на Грција, а во Мандра и Неа Перамос властите прогласија вонредна состојба.
Повеќето од загинатите биле постари луѓе, чии тела се најдени пред нивните домови,
Лошото време во областа се очекува да продолжи до 19 ноември.