
Во поплавите коишто ја погодија Грција во средата загинале најмалку десет лица, соопштија властите, а по силните дождови градовите западно од престолнината Атина ги зафатија порои.
Улиците во градовите Неа Перамос и Мадра се претворени во порои од кал, според телевизиските снимки. На кадрите се гледа автопат на кој се заробени камиони, автомобили и автобуси окружени со вода повисока од еден метар.
„Ова е билбиска катастрофа. Се’ исчезна“, вели градоначалничката на Мандра, Јоана Крикуки за државната теелвијаза ERT. „Целиот град Неа Перамос е поплавен“, вели во извештајот за телевизијата Antenna TV, тамошниот градоначалник Григорис Стимулис.
Во Мандра се пронајдени пет мртви лица во поплавени куќи или на нивните имоти, соопшти противпожарната служба. Според службата, три лица се водат како исчезнати, а бројот на повредени уште не е познат.
Некои од жителите се качиле на покривите од своите домови и таму очекувале помош. Од еден автобус се спасени 12 луѓе. Локалните власти примиле најмалку 500 повици за помош.
Грција во вторникот прогласи состојба на елементарна непогода на островот Сими откако бурата повлече автомобили во морето, оштети куќи и преддизвика прекин во снабдувњето со електрична енергија и вода.