
Судењето на американскиот сенатор од Демократската партија, Роберт Мендез, за корупција е поништено во четвртокот бидејќи поротата не можеше да донесе едногласна одлука за пресудата која можеше да има тешки последици и на национално ниво.
Шеесет и тригодишниот сенатор на сојузната држава Њу Џерси, Роберт Мендез, беше обвинет дека својата положба ја користел за да ги заштити интересите на богатиот пријател офтамолог и деловен човек од Флорида, Саломон Мелген, а за возврат добивал подароци и донации за кампањата.
Меѓутоа и по четиридневното советување поротата не успеа да одлучи дали финансиската помош за сенаторот спаѓа во корупција или е само пријателство меѓу две лица.
Сенаторот Мендез на излегувањето од судот во Њуарк, во близина на Њујорк, каде што мус е суди од 6-ти септември, изјави дека постапката против него била „неправедна“.
„Случајот започна лошо и истрага беше лошо водена. Згрешив, но моите грешки не претставуваат кривично дело“, рече Мендез.
На сенаторот Мендез, кон инаку ги негира обвинувањата дека користел бројни бесплатни летови со приватни авиони и изнајмување на вила во Домениканската Република, платени му се три ноќевања во луксузниот хотел „Park Hyatt Paris-Vendome“, ручеци, партии голф…, а добил и повеќе од 750.000 долари донација за кампањата.
За возврат, според тврдењето на сојузните обвинители, му помогнал на Саломон Мелген неговата компанија да добие договор за контрола на стоката со царинската служба на Домениканската Република, посредувал девојките на лекарот од Бразил, Доминиканската Република и Украина да добијат американски визи и му помогнал да го реши спорот со американското министерство за здавство.
Обвинителството прифати најмалку 14 точки од обвинението за периодот од 2006 до 2013 година.
Доколку беше осуден, Мендез ќе бише изложен на голем притисок да го напушти Сенатот, а гувернерот на Њу Џерси ќе мораше да именува негов заменик. А актуелниот гувернер, кому му истекува мандатот во јануари, е Крис Кристи, е член на Републиканската партија и најверојатно ќе именуваше републиканец, па демократите ќе загубеа едно место, а во моментов во Сенатот има 52 републиканци и 48 демократи.
Меѓутоа сенаторот сега би можел да одговара пред своите колеги. Шефот на републиканското мнозинство Мич Мекконел побара покренување истрага на етичкиот комитет на Сенатот „поради тешките обвинувања“ против Мендез.