
Министерството за внатрешни работи и УЈП во нова ноќна акција по кафулињата и дискотеките. Овојпат на „мета“ местата за забава во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и Велес. Инспекторите се проверувало дали се почитува законот за пушење, дали се точи алкохол на малолетници, посед на дрога, неиздавање фискални и друго.
Нема информации колку точно локали се проверени. Од МВР највуваат информации во текот на денот. Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, инспекторатот за труд и пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности.