
Главниот советник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Јалчин Топчу изјави во понеделникот дека неговата земја треба да го преиспита прашањето за своето членство во НАТО, бидејќи воената организација во којашто Турција е членка од 1952 година води непријателска политика кон Анкара.
Советникот Јалчин Топчу вели дека од страна на организацијата „се слуша предавнички непријателски тон“, Тој појаснил дека станува збор за „нискоста, подлоста и срамот демонстрирани во текот на вежбите на НАТО“, пренесува агенцијата РИА.
На воените маневри на Алијансата под назив „ Trident Javelin“ коишто се одржаа од 8-ми до 17-ти ноември во Норвешка, беше поставен штанд со портрети на „противниците“. На еден од нив бил нацртан ликот на основачот на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Кон „непријателите“, исто така, бил приклучен и актуелниот турски челник Реџеп Тајип Ердоган. Како одговор на тоа Анкара реши да ги повлече 40-те турски војници кои учествуваа во вежбите. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг двапати се извини за навредите нанесени на Турција, а министерот за одбрана на Норвешка, Франк Бале-Јенсен, исто така, изрази жалење поради инцидентот. Сепак, Ердоган смета дека тоа не е доволно.
Според Топчу, кого го цитираше телевизијата Haberturk, „фотографијата на Ататурк и името на Едоган“ се користени „со непријателски намери. Поради тоа главниот советник на турскиот претседател посочува дека прашањето за членството на Турција во НАТО мора да биде итно разгледано во националниот парламент.
Додал дека Турција поради нејзината геополитичка ситуација е подложена на притисок и напади од страна, „од каде што не можеше да се очекува“.
„Таквото ниско и бесчесно однесување зборува за намерите на НАТО уште повеќе да ка зајакне позицијата во однос на нашата земја (…) Зад сите преврати и зависноста во сфера одбранбената индустрија стои НАТО“, изјавил советникот на Ердоган.
Тупчу истакнал дека Алијансата не претставува само воен блок, туку и „нова форма на колонијализмот, политичка и економска зависност“. Изразил надеж дека турската нација ќе умее да ја симне од себеси „колонијалната кошула којашто НАТО сега се обидува да ѝ ја стави“.