
Италијанскиот фудбалски клуб Милан може да биде исфрлен од европските купови поради нарушување на финансискиот фер-плеј, пишува во вторникот шпанскиот спортски дневен есник Marca.
Минатата седмица претставници на Милан го посетија седиштето на УЕФА, каде што се обидоа да ја разјаснат ситуацијата и да избегнат казни. Според извори од УЕФА, генералниот менаџер на Милан, Марко Фасон, не успеал да ги убеди за тезите кои ги застапувал.
УЕФА не е убедена дека Милан е платежно способен клуб, особено во однос на тековните трошоци за првиот тим. Документите покажуваат дека Милан сака да ја подобри својата финансиска стабилност со пласман во групите на Лигата на шампионите, но засега „росонерите“ се далеку од таа цел.
Милан може да биде казнет или елиминиран од учество во европски клупски турнири.
Во моментов, тимот се натпреварува во Лигата на Европа, а во италијанското првенство се наоѓа 7-то место со 11 бода заостанување зад местата што носат пласман во Лигата на шампионите.