
Корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во скопската општина Кисела Вода утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Виктор Иго бб“.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не завршат со работата.