
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од осум до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.
До крајот на неделава следува период на стабилно и суво време со релативно ниски утрински и повисоки дневни температури. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.