Кривична пријава за загрозување на безбедноста за мажот кој се закануваше пред Врховен суд

Кривична прија за загрозување на безбедноста е поднесена во четвртокот против мажот кој на 2-ри ноември беше уапсен пред Веховниот суд во текот на изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Диво насеље“ во соседниот Кривичен суд, а колу појасот имаше залепени прачки за кои постоеја сомневања дека биле имровизирана експлозивна направа.

Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 57-годишниот Е.И.(57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 од КЗ на РМ.

Имено, на посочениот датум сега пријавениот отишол во адвокатска канцеларија на улицата „Битпазарска“ и на вработена во канцеларијата ѝ оставил лист со испишана заканувачка содржина и пеш се упатил кон објектите на Апелационен и Врховен суд на Република Македонија, каде се изрекуваа пресуди на обвинети во судски процес, информираат од полицијата.

Откако мажот пристигнал пред Врховен суд, полициските службеници забележале дека истиот околу појасот има залепено прачки кои наликувале на импровизирана експлозивна направа, кои всушност биле петарди.

Претходно беше обајвено дека овој жител на скопско Арачиново  уапсен во близина на Врховниот суд во текот на изрекување на пресудите во случајот „Диво Насеље“ во блискиот Основен суд Скопје 1 Скопје, бил автор и на писмо со заканувачка содржина.

Во врска со заканувачкото писмо, од МВР информираа дека утврдено е дека тој е авторот со графолошко вештачење.