
„Македонија станува двојазична на сите нивоа на државата“, порача пратеникот Артан Груби од ДУИ во гостување на Алсат телевизија.
Во врска со реакциите на ВМРО-ДПМНЕ „дали Македонија станува двојазична или не“ Груби е дециден дека двојазичноста ќе се воведе во сите органи на државата: централната власт, вклучувајќи го и претседателството, Владата, Собранието, општините, додека општинската власт е регулирана преку актуелниот закон.
-Сите органи, како судството, нотаријатот, обвинителството, сите органи ќе зборуваат албански, вклучувајќи ги и граничните премини и се надеваме дека со оценување на Венецијанската комисија по разгледувањето на членот 8 и трите елементи кои се пратени на разгледување таму, како банкнотите и монетите, двојазичноста кај нив, хартиите од вредност, како и униформите на војската, и тие ќе се вметнат во Законот за употреба на јазиците, вели Груби.
https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1613924948628124/