
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Македонски Брод – Прилеп и Неготино – Демир Капија, соопшти изутринава Дисперечскиот систем на ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.