
Борусија Дортмунд не успеа да ја прекине црната серија во Бундеслигата, којашто трае веќе два месеца, а во саботата во рурското дерби на својот стадион откако водеше со 4:0 по само 2 минути игра против Шалке, на крајот резултатот гласеше 4:4.
За екипата на Борусија Дортмунд одлично тргна веќе во 12 минута кога Обамејанг ја погоди мрежата на Шалке. Шест минути подоцна веќе беше 2:0 по автоголот на Стамбули, а набрзо паднаа уште два гола, Марио Геце погоди во 20 а Рафаел Гвереро во 25 минута за водство од 4:0.
Меѓутоа, во второто полувреме дојде до голем пресврт. Бургшталер во 61 и Амин Харит во 65 минута успеаја да го намалат водството на Борусија, а потоа „црно-жолтите“ останаа со играч помалку откако Обамејанг во 72 минута доби црвен картон. Третиот погодок за Шалке го постигна Калигиури во 86 минута и веќе прашање на минутите беше кога Борусија целосно ќе потоне. Тоа се случи во судиското продолжение, откако по корнерот стоперот Налдо погоди за конечните 4:4.
Борусија Дортмунд последната победа во Бундеслигата ја забележа на 30-ти септември против Аугсбург (2:1), потоа следеа четири порази и две нерешени средби.
Ајнтрахт од Франкфурт во 13-то коло на домашен терен против Баер ЛЕверкузен загуби со 0:1 со голот на Кевин Воланд во 76 минута.
Второпласираниот РБ Лајпциг со 2:0 славеше против Вердер, а стрелци беа Наби Кеитеа во 34 и Бербардо во 87 минута.
Вечерва Борусија Менхенгладбах го дочекува водечкиот Баерн Минхен.