
Скопјанец М.А. (22) од Скопје бил нападнат вчера околу 12.15 часот, во тоалет во Градскиот трговски центар од неколку непознати лица извршиле разбојништво над него. Тие му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.
По кратко време, во врска со настанот, во полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години).
По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.