
Министерството за внатрешни работи го потврди крвавиот инцидент што се случи минатата ноќ во Чаир, околу 22:30 часот, кога е убиен Исмет Кока Арифи, додека сериозно е повреден Ќемал Лусјани. Исмет е од селото Блаце, додека Ќемал е од Чаир, објави порталот „Тетова 1“.
Исмет е познат како личност која на последните избори беше активист на СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ.
Пријателството на Исмет со ранетиот Кемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница, пишува порталот „Тетова 1“.
Пред убиството на Исмет, напишал пост на Фејсбук, во кој го напаѓа пратеникот на ДУИ, Ејуп Халими.
Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели се’ уште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе? Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржувачи на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена. Јас не му поверував но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д. Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас Албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може да му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален.
