
Клучниот успех со цел опстанок на оваа Влада е новиот закон за употреба на јазиците, за што изминатото шестмесечие Заев ревносно се труди да го истурка, вели професорката Билјана Ванковска за ТВ Нова.
Според Ванковска, Заев е слаб премиер, нема можност да го зголеми парламентарното мнозиство, па мора да ги исполни сите барања на помалите коалициони партии.
Едно од овие барања е и тиранската платформа, која што за професорката е барање засновано на етнополитичка фоскула и нема ништо демократско во тоа, но како што вели таа, СДСМ е македонскиот партнер во Владата и тие мораат да испорачаат, колку и да се барањата големи, дрски или безобразни.
Истовремено, при гостувањето во “Отворено Студио„ на ТВ Нова, Ванковска додаде дека Заев и СДСМ направиле чекор понапред во унапредувањето на албанските национални интереси, со што го искористија нарушениот углед на ДУИ и посегнаа по албанското гласачко тело.
-Албанците беа разочарани од таа партија и поверуваа дека нивните етнички барања ќе бидат задоволени од овој премиер и неговата политичка партија. И на база на тоа тие успеаја да добијат подобар резлутат, иако ВМРО-ДПМНЕ доби повеќе гласови, истакна професорката.