Англија: Петмина загинати при кражба на автомобил

Три момчиња и двајца мажи загинаа ноќеска при инцидент со крадење автомобил во Северна Англија, соопшти денеска полицијата во округот Западен Јоркшир.

Загинатите момчиња се на возраст од 12, 15 и 15,5 години, а мажите на 24 и 28 години.

Две 15-годишни момчиња се уапсени под сомнение за опасно возење, кое предизвикало смртни случаи.

Автомобилот удрил во дрво во близина на пат кај градот Лидс.