
Израелскиот министер за здравство поднесе Јаков Литцман, поднесе оставка од својата функција, истакнувајќи дека одбива да остане во владата којашто дозволува „сквернавење“ на еврејскиот Шабат со саботните градежни работи ја на јавната железничка линија.
Оставката на ултраортодоксниот политичар Јаков Литцман, доаѓа по неколкуте месеци судири во владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху околу инфраструктурните ангажмани, Оваа контроверзија резултираше со доцнење на изградбата на железницата и критиките од секуларните политичари.
Партијата од тврдата линија на Литцман, Јахадут ХаТора ХаМеухедет е остане дел од владејачката коалиција и покрај заминувањето на министерот.
Во своето писмо со оставката Литцман работата на железничката линија го нарекува „непотебно“ и „сквернавење“, пренесува израелскиот портал Ynet.
На Евреите им е забранета каква и да е работа на Шабат кој трае од петокот навечер до саботата навечер. Во поголемиот дел од Израел во тој период не функционира јавниот сообраќај, поради што тогаш се извршуваат работите на одржувањето на инфраструктурата бидејќи со тоа не им се пречи на патниците.
„Со генерации знаевме дена Шабат нѐ штити и дека тоа е темелот на сојузот меѓу израелскиот народ и Бог. За жал, Израелските железници последниот Шабат го направија ден за реновирање“, истакнал Литцман.