Нова одлука: Едмонд Темелко излегува од затвор

Откако беше најавен масовен протест поради продолжување на притворот за Едмонд Темелко, градоначалникот ќе излезе од Шутка.

Тој според најавите утре излегува од истражниот затвор во Шуто Оризари.

Откако Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена, кривичен совет ја преиначил одлуката и донел поблага мерка или куќен притвор за Едмонд Темелко.

По Темелко се трагаше откако СЈО бараше притвор, а на 26 септември, сам се предаде на полицијата.

Неговите роднини велат дека лошата здравствена состојба може да заврши со фатални последици за неговото здравје.

Дополнително на тоа информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита, што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваа да му овозможат користење на потребната здравствена нега.