ВИДЕО: Барса оштетена во дербито без победник со Валенсија

Во дерби натпреварот од 13-то коло на шпанското фудбалско првенство Валенсија и Барселона на „Местаља“ одиграа 1:1 (0:0), но дуелот мина во сенка на грешката на помошникот на главниот судија зад голот на домашните кој не виде очигледен погодок за Каталонците.

Домашните во водство ги доведе Родриго во 60 минута, а конечниот резултат го постави Жорди Алба во 62 минута откако Лионел Меси фантастично го проигра лобувајќи ја одбраната на домашните.

Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по неверојатната грешка на судиите кои во 30 минута не ги признаа регуларниот гол на Барселона. Меси шутираше од работ на казнениот простор, топката одеше директно во прегратката на домашниот голман Нето но му мина низ рацете а потоа и низ нозете и падна речиси половина метар зад гол линијата пред во повторената интервенција голманот на Валенсија да ја врати во поле.

Овој момент можеше да доведе до големи непријатности на мечот, бидејќи фудбалерите на Барселона тргнаа да го слават погодокот, но судијата не ја запре играта па Валенсија во контранападот за малку е постигнеше гол.

Мечот инаку измина во лесна доминација на Барселона која ја контролираше топката и создаде низа поволни прилики, додека Валенсија со брзи проигрувања од средината на теренот го загрозуваше противничкиот гол.

Со ремито разликата меѓу водечката Барселона и вторпласираната Валенсија останува четири бодови, првите имаа 35 а вторите 31 бод. Следат мадридските клубови Атлетико и Реал со по 27 бодови.

https://www.youtube.com/watch?v=EHjFOIX2K9Q