
На локалниот пат Струмица-с.Просениково вчера околу 20 часот се случила сообраќајна незгода, во која животот го загуби М.М. (35) од Струмица.
Во сообраќајката П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „Волксфаген Шаран“ со струмички регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, изгубил контрола над возилото удрил во бетонски столб и метална врата од дворот на поранешен објект на Македонската радио дифузија.
Во незгодата сопатникот М.М. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди и на пат за Медицински центар Струмица тој им подлeгнал на повредите.
Возачот П.А. и другиот сопатник Р.А. се здобиле со телесни повреди.
Тие биле пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.