
Психијатар од регистерот на вештаци в петок ќе се изјасни дали обвинетиот Ѓоко Поповски може да го следи процесот. Судечкиот совет ќе го сослуша и лекарот којшто му отворил боледување, за да му појасни каква е неговата здравствена состојба.
Судот одлучи да ги повика лекарите, откако и денеска обвинетиот преку неговите бранители побара одложување на главната расправа со образложение дека освен што трпи болки поради болеста, страда и од депресија, објави МРТ.
Обвинителката Фатиме Фетаи се противеше на предлогот за одложување на рочиштето. Рече дека со документите што ги доставува, одбраната не прецизира на колкав рок бара одложување, и не се знае кога обвинетиот ќе се чувствува психички стабилен за да се признесе за вината.
Помошникот министер во МВР, Ѓоко Поповски е обвинет во случај што го отвори СЈО, случајот „Триста“ за незаконска набавка на 300 возила за потребите на македонската полиција.