
Бугарски граѓани, и покрај студеното време и дождот, во понеделникот претпладнето се собраа во понеделникот пред Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ) на, како што најавија, тивко бдеење за поддршка на барањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ЦО), БПЦ да биде нејзина мајка-црква.
Бугарскиот патријарх Неофит и другите митрополити го почнаа заседавањето од зимската сесија, на кое го разгледуваат писмото од МПЦ-ОА испратено на 9-ти ноември, пренсува агенција БГНЕС.
Во меѓувреме истакнати личности, академици, новинари и претставници на на големи македонски семејства како Миладиновци, Дрангови, Шапкареви и Прличеви во отворено писмо изразија поддршка за барањето на МПЦ-ОА. А македонскиот владика Наум анализираше зошто е „најприродно БПЦ да биде мајка-Црква“ на МПЦ.
Пред да влезе на Сонодот, бугарскиот патријарх Неофит изјави треба „да ја прифатиме“ подадената рака од Македонија.
„Треба да ја прифатиме подадената рака од Македонија. Тоа е најмалку што можеме, бидејќи тие се наши браќа, наш народ. Ќе се стремам да го зачувам неговото единство“, изјави бугарскиот патријарх Неофит пред влегувањето во Синодот на БПЦ.
Патријархот и митрополитите се собраа на заседание на зимската сесија на кое го разгледуваат писмото од МПЦ-ОА во кое бара да биде признаена како независна црква, а БПЦ да биде нејзина мајка-Црква. Според најавите на бугарските владици, не се очекува брз одговор на БПЦ, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира останатите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.
На прашањето зошто толку долго се бара решение за МПЦ, патријархот Неофит изјави дека решението за Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се бара толку многу години, затоа што е сложено и треба многу добро да се осмисли.
Според него, ова прашање треба многу добро да се осмисли, а решението да се донесе со мнозинство и сите православни цркви да имаат јасна претстава за прашањето за автокефалноста, што не беше разгледувано на минатиот Сеправославен собор на Крит.