
Судиите на Апелационит суд денеска на јавна седница треба да одлучуваат дали прислушуваните материјали може да се користат како доказ во предметот „Тортура“.
Станува збор за предметот за апсењето на Љубе Бошкоски во кој првообвинет е поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков а второобвинет е екскомандантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки.
Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.