
Рано утрово од страна на полицијата приведени се Митко Чавков, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, пејачот Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, како и уште неколку лица, за настаните од 27 април.
Овие лица се приведени со кривична пријава за сторени тешки дела против државата, исти за какви што се сега веќе има пресуди за обвинети од Диво Насеље, а за кои е поништена пресудата за лицата обвинети од случајот „Монструм“, за петкратното убиство на Смилковското езеро, објави порталот „Курир“.
Инаку, тие се уапсени по отворена истрага за случајот од 27 април во Собранието, каде Митко Чавков од пониските структури во МВР бил посочен дека два часа не давал наредба за дејствува на полицијата, со што бил доведен во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.