Две вооружени разбојништва во Скопје

Две пријави за одделни случаи на разбојништва под закани со оружје примила скопската полиција, од кои едниот е решен и откриен е приведен осомниечниот сторител.

Во понеделникот околу 17,30 часот во Полициската станица Гази Баба, З.И. од Скопје, пријавил дека во неговата фирма лоцирана на улицата „Лазар Поп Трајков“ во истоимента скопската општина, две непознати лица извршиле разбојништво врз лице вработено во фирмата.

Сторителите влегле во објектот и со закана со огнено оружје, ја врзале вработената. Едно од лицата ја чувало, а другото лице извршиле претурање и пребарување по канцелариите, по што заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, но нема информации за штетата предизвикана од разбојниците.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во понеделникот поднел кривична пријава за 42-годишниот скопјанец идентификуван со иницијалите Д.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој е осомничен дека во неделата во казино на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, со закана со рачна пила, одзел околу 126.570 денари. Истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде што бил пронајдени
поголем дел од одземените пари, додека остатокот ги потрошил за лични потреби.