„Енекод“ понудил 35 милиони евра за спас на „Фени“

Според неофицијални информации, 35 милиони евра изнесува понудата на бугарски „Енекод“ за спас на кавадаречки Фени Индустри.

Во текот на вчерашниот ден претставници од Енекод заедно со генералниот менаџер Рајчо Кацаров остварија средба со Банките каде што ги презентираа елементите на новата понуда.

Сидикакалците пак стојат на ставот дека стечајната постака не е единстевното решение тие велат дека условите за стечај се креирани вештачки, а компанијата била во добра кондиција и спремна за прозиводство. „Таа има сопственици, инвеститрори и услови за рестартирање“ вели Ѓоре Палитов – претседател на синдикална организација. Тие бараат доколку има друг поволен инвеститор да бида повикан на денешното рочиште и согласно законот со обезбедени гаранции да го сопре процесот низ закоската постапка.

-Истовремено апелираме и до судот да ги разгледа сите последици од евентуалниот стечај. Судот мора да ја земе предвид и евентуалната намера за намерно предизвикување на стечај. Во случај на отварање на стечајна постапка, само според законските прописи процесот ќе трае најмалку четири месеци, а банките како синдикат ги прашуваме јавно да кажат еден пример на компанија во земјава каде банките побарале стечај и таа компанија се рестартирала. Таков случај нема, вработените и останатите правни субјекти беа редовно секогаш исплаќани дури и во најтешките денови со оглед дека се работи за берзански цени како на репроматеријалите така и на финалниот производ, додаде тој, апелирајќи до судот во Велес да го отфрли барањето за стечај, рече Палитов.

За денеска во Велешкиот суд е закажано ново рочиште за сапс на Фени. Ќе треба да се утврдат повеќе основни параметри според кои ќе се одредува иднината на Фени. Неофицијално дознаваме дека понудатат на грчо-швајцарскиот фонд кој исто така е потенцијалниот инвеститор изнесува 3 милини евра и дополнителни гаранции.