Го врзал кучето на автомобил и го влечел од едно до друго село

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 61-годишниот К.З. од Струмица за сторено кривично  дело  „мачење животни“.

Тој на 26 ноември годинава со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал го влечел животното од село Борисово до продавнца во село Мокриево.

Случајот го пријавија граѓани, како и Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, кои реагираа по страшната глетка што ги шокира жителите на Струмица. Според нив, познат струмички доктор врзал за својот автомобил мало кутре и го влечел додека возилото било во движење. Сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено.