
Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се одржа средба помеѓу претставници на Регулаторната агенција за енергетика на Република Црна Гора, претставници на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и дел од раководството на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на чело со директорот Душко Весковски, информираа од Ј.П. „Водовод и канализација“.
На средбата гостите се запознаа со функционирањето на претпријатијето, моменталната кондиција, секторската поставеноста, обврските кои ги има ЈП Водовод и канализација – Скопје и идните предизвици во работењето.
Исто така беа разменети и меѓусебни искуства за работата на јавните водоводни претпријатија во Република Црна Гора и Република Македонија.