ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира раскрсници во ударни термини и ќе го бојкотира и ЗЕЛС

Активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе организираат протестен собир пред Министерство за правда во 18 часот, а во знак на револт ќе блокираат уште четири најфреквентни крстосници во главниот град, а истовремено партијата објави дека ќе ги повлече своите претставници од конститутивната седница на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС).

Блокирањето на крстосниците ќе се одвива во период од 15 до  17 часот, а сообраќајот ќе биде оневозможен кај крстосницата кај Мавровка,  кај Порта Влае, меѓу меѓу булеварот  Јане Сандански и булеварот Србија во Лисиче и рстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9,) Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

 

„На удар е слобдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички пргон. Македонија е единственото место во Светот каде оперски пеач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата оваа хајка, смета опозициската партија, е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.

„Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, сипматизери, поддржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите,и револт кон политичкиот прогон на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради недемократско однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС.

„Република Македонија е заробена држава од страна на СДС. СДС го девалвираше правото и правната држава. Институциите веќе не работат по закон, туку по диктат на власта. Правосудните органи се под притисок, а граѓаните живеат во страв од насилието кое го спроведува власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.