
Ако е грев да се сака татковината, ако е грев да се сака Македонија, ако е грев да си патриот тогаш и јас сум терорист, истакна Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест кој се одржа пред Кривичниот суд во Скопје.
„Треба да се срамат од нивните дела, треба да се срамат од ова што го прават. Ова нема да го заборавиме. Сите тие што пишуваат обвиненија, што спроведуваат туѓи агенди, сите имаат име и презиме, сите тие еден ден ќе се изведат пред лицето на правдата“, вели Манојловски.