
Педесет и петгодишна жена во Штип во средата е тешко повредена откако на неа налетал автмобил управуван од 72-годишен сограѓанин, информира МВР.
Несреќата се случила на улицата „Карл Маркс“, кога 72-годишниот Д.М. од Штип, управувајќи патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во 55-годишната Г.А., исто така, од Штип.
По незгодата пешакот Г.А. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип. Таму и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.