Трамп до Меј: Не се фокусирај на мене, туку на исламскиот тероризам во Британија!

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј, која претходно го осуди поради тоа што на социјалната мрежа сподели антимуслимански видео снимки.

„Тереза Меј не се фокусирај на мене, фокусирај се на радикалниот деструктивен исламски тероризам во Велика Британија. Сѐ е во ред кај нас“, напиша Трамп доцна вечерта на Твитер.

Канцеларијата на британската премиерка, Терезе Меј го критикуваше Трамп, бидејќи ретвитна три видеа од британската екстремна десничарка Џејд Франсен, на кои, според нејзините тврдења, се прикажува насилство што го прават муслиманите.

Пораките на Трамп ги критикуваше и Советот за американско-исламски односи.