Уште еден осомничен за 27-ми април сам се пријавил

Уште еден осомничен за настаните во Собранието на 27-ми април кој беше меѓу осумината недостапни за органите, сам се пријавил и вечерва треба да биде сослушан на распит во Кривичниот суд, објави телевизија Телма  повикувајќи се на извори од истрагата.

Судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе определи притвор како што бараше Јавното обвинителство кое сите 36-мина осомничени во предметот ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок.  Досега за 15 лица им е одреден притвор, додека на шестмина куќен притвор.