
авното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот.
Претходно, информираше дека не е проооден и локалниот пат од селото Железнец до селото Мало Илино во Демир Хисар и оти отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма поради излевање вода на коловозот.
Поради одрон по една коловозна лента во должина од 10 метри се одвива и сообраќајот на патот Виница – Берово кај месноста викана Рибарник.
Се санира и состојбата со поплавата на подвозникот кај клучката Матка во Скопје, во близина на бензинската станица „Бис Оил“.