
Повторно е одложена седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која денеска требаше да продолжи расправа по Предлог-буџетот за 2018 година.
Оваа седница почна во понеделникот, а по приведувањата за настаните од 27 април во Собранието, не е одржано ниту едно продолжение.
Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.