
Со почеток во 18 часот утре протест ќе се одржи пред Истражниот затвор во Шуто Оризари како поддршка за неправедно притворените лица за настаните во Собранието на 27 април.
Протестот е во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
За потсетување, по апсењето на 24 лица во вторникот рано наутро, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред Кривичниот суд и пред Министерството за правда на кои присуствуваа претседателот на партијата Никола Груевски, истакнати партиски членови и поддржувачи.
Секојдневно партијата по два часа, од 15 до 17 часот блокира раскрсници низ Скопје во знак на револт поради приведувањето.