
Конструкцијата на делото е смешна и нема никакви основи за тероризам, а лицата коишто се во притвор за ова дело се пријатели на цела Македонија, рече во саботата професорот Александар Даштевски на протест во саботата вечерта пред истражниот затвор во Шуто Оризари за поддршка на лицата кои се товарат за тероризам поради учеството во настаните од 27-ми април во Собранието.
Даштевски рече дека ниедна од причините поради кои се одредува притворот за 36-те лица, не е основана во овој случај.
„Првата причина некому да се одреди притвор е можноста да избега од државата. Дали овие седум месеци некој од нив можеше да избега? Никој не избега. Затоа нема основа. Втората причина е дека може да се влијае врз сведоците. Седум месеци за тоа се расправаше и зборуваше и никој никому не му влијаеше. Значи ниту таа одлука не држи. Третата причина е дека е можно да го повторат делото. Дали би го повториле делото? Како ќе го повторат, кога протестите престанаа? Тие три основи се во кривичниот законик за одредување на притвор. Ниту една од основите за притвор не може да се воспостави“, рече Даштевски.
Порача дека наспроти ова, двајца од осудените во случајот „Монструм“ за убситвото на петте лица на Смилковското езеро се во бегство, а во петокот беа ослободени четворица за кои постои голема веројатност дека ќе се дадат во бегство.
Даштевски констатираше дека во затворот лежат притворени невини луѓе кои мораат да бидат ослободени. Додаде дека претставува скандал тоа што им е одземен имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПНЕ.
„Имунитетот го симнаа за шест пратеници. Такво нешто не се случило. Колеги нивни да гласаат во Собрание за да им се одземе имунитетот. На овој циркус треба му да се стави крај. Да ја задржиме државата како целина“, порача