
Убијците на децата од Смилковско езеро деновиве беа ослободени по цена на тоа да бидат притворени родољуби, патриоти, чесни луѓе коишто единствено дело коешто го направија беше да си ја сакаат од срце оваа држава, истакна во саботата вечерта Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред затворот во Шуто Оризари.
„Ова време што го минува Македонија е најтешкото во поновата историја, поради тоа што на системски начин се работи да се урниса патриотизмот во оваа држава, сѐ со цел да се направат крајно непопуларни политички чекори коишто ќе ја разнебитат оваа држава. Бараат од нас да имаме нов идентитет, а за тоа е спремен само Зоран Заев. Во ова модерно време се практикува комунизам“, рече Костовски
Посочи дека колегите на притворениот актер Владо Јовановски кои во петокот вечерта во знак на протести и солидарност со колега не ја одиграа претставата и сега се под закана закани со од директорот. Замислете.
„Покажаа солидарност кон својот колега затоа што тие најдобро знаат дека тој не може да биде терорист“, рече Костовски.
Во овој момент, подвлече, сигурен сум дека многу Македонци се свесни што се случува и можеби владее доза на страв, но ова ќе биде наплатено од страна на Македонците и оваа држава ќе биде повторно македонска.
„Да издржиме и покрај овој циркуа што се случува. Најважно е да издржиме. Единствена опција за Македонија да биде македонска е ВМРО-ДПМНЕ и затоа сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде посилна од било кога и да е“, потенцираше Костовски од протестот против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.