
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и уште повеќе на исток, локално над 25 литри на квдратн метар, а кон југ и со услови за грмежи.
На планините над 2000 метри надморска височина ќе има повремен слаб снег.
Преку ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи кои ќе се претежно од дожд, само на високите планини ќе се од снег и кои во поголемиот дел ќе заврчуваат во недела до средината на денот.
Температурата денеска ќе се движи во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје Променливо облачно со повремен дожд и со слаб северозападен ветер.
Температурата ќе достигне до 9 степени.