Владин допис да се најдат и избркаат од работа сите кои протестирале (ФОТО)

Власта на СДСМ и Зоран Заев по секоја цена сака да ги казни своите неистомислениц, а во партиската пресметка не бираат ниту средства, ниту начин со единсвена цел да бидат казнети сите оние кои некогаш го кренале гласот против нивните погубни политики.

До редакцијата на КУРИР пристигна допис од вработен во една од националните установи во Скопје. Известувањето е испратено од Владата преку Министерството за култура со кое раководи Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

Во известувањето за чиешто постоење во јавноста се шпекулирапе изминатите денови, испратено до сите национални установи, се праќа порака дека треба да биде избркан од работа и казнет секој оној кој присуствувал и дал поддршка на протестите организирани од „За заедничка Македонија“.

„Се задолжуваат раководителите на сите национални установи од областа на културата да ги известат надлежните органи за каква било информација за вмешаност и учество на вработените во установата во крвавите настани и упадот во Собранието на Република Македонија на 27-ми април 2017-та година. По утврдување на вмешаност на вработените од страна на надлежните органи, раководителите на институциите се должни да покренат дисциплинска постапка и за ова да го известат Министерството за култура“, стои во известувањето.

Натаму се додава дека сите лица кои ќе бидат посочени како учесници на протестите ќе бидат соодветно санкционирани.