
Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри утрово е забележана планинските превои Плетвар и Стража. На магистралниот пат Делчево – М.Каменица има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација.
Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно пo влажни коловози, а наместа во земјата има врнежи од слаб дожд.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.