
Членови на Синдикатот на „Фени“ го блокираат патниот правец Градско-Прилеп, поради две неисплатени плати, објави МИА.
Патот Градско-Прилеп ќе биде блокиран од 12 до 14 часот, а сите кои планираат да патуваат натаму во овој период, а немаат неодложни работи, да се воздржат од транзит по оваа делница, информираат од Синдикатот на „Фени“.
Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов за подоцна најави прес-конференција.