
Веста дека обезбедувањето на претседателот Никола Груевски не дозволило доставување на поканата за судско рочиште во врска со предметот Титаник е лага, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено обезбедувањето на претседателот Груевски го информирало доставувачот дека претседателот не е во домот во тој момент и не станува збор за никакво попречување. Оваа вест претставува груба лага која има за цел манипулација на јавноста и дефокусирање од политичкиот прогон и реваншизмот кој го врши власта врз политичките неистомисленици“, потенцираат од партијата.