
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров ја прекинаа седницата на Советот во знак на солидарост со притворените за упадот во Собранието, откако прво ја испеаја химната на Македонија.
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, посочи дека осомничените за тероризам се неправедно притворени.
-Има други луѓе кои го прекршија уставот, а ги водат институциите. На овој начин сакаме да изразиме солдарност со уставо-бранителите и да извршиме „терористички акт“ пеејќи ја химната – рече Андоновска.
Советниците од оваа партија демонстративно ја напуштија седницата, а најавија дека нема да присуствуваат ниту на следните седници.