Латас седнува на обвинителна клупа

Денеска почнува судењето  за случајот „Тотал“, во кој како обвинет се јавува новинарот Драган Павловиќ Латас. Покрај Латас, обвинението ги опфаќа и трите фирми во кои тој е сопственик или управител: „Тотал Маркетинг Доел“, „Тотал Медиа Центар“ и „Медиамакс“.

СЈО го товари Латас дека во период од 2008 до 2015 година делумно одбегнувал да плаќа данок и за фирмите и за себе. За фирмите, според истрагата на обвинителството, затаил данок од 5.363.346 денари или над 87.000 евра, а тој на негово име одбегнал да плати 3.459.730 денари или околу 56.000 евра.