
Дел од корисниците на потегот од бул. Партизански одреди до ул. „Никола Тримпаре“ во општина Центар утре од 8.30 часот ќе бидат без вода.
Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје соопшти дека прекинот ќе биде поради уличен дефект на водоводна цевка на крстосница меѓу улиците „Аминта Трети“ и „Борка Талевски“ во населба Центар и ќе трае се до негово отстранување.