
Во ноември, по сообраќајниците на гостиварското подрачје биле регистрирани вкупно 20 сообраќајни несреќи, што споредено со лани е намален број за четири, информираат од СВР Тетово.
Една сообраќајна несреќа имала фатален исход за едно лице (пешак) во две од несреќите имало три тешко повредени, а во шест несреќи имало вкупно дванаесет повредени лица. Во регистрираните несреќи, останите 11 поминале само материјална штета. Според местото на случување, половина биле во населени места, а другата половина на отворен пат.
„Најмногу од несреќите, повторно се случиле на гостиварските улици, потоа регионалните патишта кон Градец и Чегране, магистралата Гостивар-Кичево, автопатот Гостивар-Тетово и на други сообраќајници на подрачјето, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Како најчести причини за несреќите се – неприлагодена брзина (осум), односно пребрзо возење, непочитување првенство на минување.
При контролите минатиот месец биле откриени 34 технички неисправни, 102 нерегистрирани возила, две возила со претовар, како и 111 лица без возачки дозволи и 31 возач-почетник кој немал право да управува.
Констатираните прекршоци во дваесетината акциски контроли и редовни ноемвриски активности, заокружени се со 370 прекршочни, 396 мандатни платни налози, со пет времено одземени дозволи и 111 исклучени возила од сообраќај.