
Aпелациониот суд донесе одлука и ги потврди притворите на режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски некогашниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски.
Денеска беше одржана јавна седница на која нивните адвокати бараа укинување на притворот и одредување на послаба мерка или куќен притвор затоа што биле угледни луѓе и без прекршоци, а камо ли вакво кривично дело.