
Почна доказната постапка во случајот „Насилство во Центар“. По прашањата на специјалното обвинителство сведочеше поранешниот градоначалник, Андреј Жерновски. Одговори дека во судницата препознава учесници во протестите.
Обвинителката Фетаи вели дека е позитивно тоа што почнало изнесувањето на докази. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет во случајот, судењето e апсурдно зашто сведоци се политички противници.
-Ние сме во политички прогон бидејќи во 21 век одиме на суд затоа што имало протест, а сега некој бара организатор на тој протест затоа што биле скрешени неколку прозори. Со месеци сме тука зошто се скршиле неколку прозорци, додека шарените кршеа и ја запалија канцеларијата на претседателот, при што можеше да изгори зградата во која живеат и граѓани. Но, тие поминаа неказнето. Исто така не се казнија ниту оние кои кршеа кога се менуваа имињата на улиците – рече Груевски.
Фото: ФОКУС