Малолетници се скарале на Фејсбук, па договориле тепачка

Две групи на малолетници вчера околу 10 часот се степале  улица „Коста Абрашевиќ“.

-Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“ и двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години, сите ученици од основното училиште „7-ми март“, информираат од полицијата.

Во тепачката двете групи се удирале со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки.

До тепачката дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи, а на местото се сретнале по претходен договор.

Полицијата презема мерки за  целосно расчистување на настанот.